Три лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера околиу 21:20 часот се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип.

Патничко моторно возило „Рено Клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(35) од Штип во кое имало тројца сопатници, излеталo од десната страна надвор од коловозот во нива.

-По незгодата, сите сопатници биле пренесени во Клинички центар Штип, каде кај еден од нив биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај другите биле констатирани лесни повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип