Времен режим на сообраќајот од денеска ќе биде воведен на делницата од автопатот Демир Капија – Смоквица заради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите кај Демир Капија.

Од Автомото сојузот на Македонија утринава информираа дека сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот ќе се поставувуваат од денеска, а сообраќајна согласност е со рок на важност од три месеци.

На останатите патни правци сообраќајот се одвива по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.