Оваа Влада работи по систем на мафија, тие се мафија. Тие не го сфатија случајот во Тетово сериозно, веднаш отидоа таму, направија пи-ар, па имаше притисок и ајде Филипче ќе даде оставка. Се обидуваат да извршат притисок врз медиуми темата да не се експлоатира во медиуми, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија Алфа.
-Во сета пиар агенда излезе нон пејпер, кој го има „куцано“ Никола Димитров. Еве ексклузивно автор е Димитров и зошто го има правено он знае. Затоа и знае дека има граматички грешки, зашто тој го пишувал. Дали самиот го пишувал или го диктирал, па некој друг го пишувал е работа на техника. Но никој не се фати на јадицата. Поголема тема од оваа нема. Луѓето одат да се спасат во болница, а овде поради мафијаши умираат. До денес не објавија ниту колку и кои се починати, посочи Николоски.
Според него концептот е да пробуваат, да се повлекуваат од проекти, но никако да паднат луѓе од нивниот тесен круг.
Николоски посочи и дека истрагата во Тетово ја води тетовско Обвинителство, а тоа е како да си во штаб на ДУИ.
„Еве десеттина дена поминаа, а нема ништо во јавноста. Нормално е да изразуваме сомнеж за истрагата“, рече Николоски.
Според него „интересна“ ќе е истрагата за модуларните болници.