Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на два-триесет километри и чад, но проблем е како да се заштитат камерите од грабежи, изјави вечерва за ТВ 21 Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Ангелов, кој беше гостин во емисијата Клик плус, зборувајќи за големите пожари што минатиот месец ја зафатија Македонија рече дека се размислува за систем за рано откривање со камери.

– Разгледуваме можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но, размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле, рече покрај другото Ангелов.

Можеби камерите и технологијата да помогнат во откривање на пожарите, но како и авионите за гасење пожари, и тие треба да се сервисираат. А како што повеќепати е објавувано, новите авиони за гаснење пожари кои беа купени од претходната власт, актуелнава се уште не успеала да ги сервисира бидејќи не успеале тендерите за сервисирање. Авионите веќе две години чекаат редовен сервис, а како што е познато и летово кога ни беа најпотребни останаа „заглавени во тендер“ и неискроситени.