Напаѓачот на Челзи, Еден Азар имаше две додавања по кои неговите соиграчи постигнаа голови на натпреварот од 37. коло на првенството на Англија против Ватфорд (3:0).

Белгискиот репрезентативец дојде до 15 асистенции во тековната сезона и стана лидер меѓу играчите во европските лиги ТОП 5 лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија, Италија).

Следни по Азар во оваа значајна статистичка категорија се Рајан Фрејзер од Борнмут и Џедеон Санчо од Борусија Дортмунд со по 14 асистенции.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси досега 13 пати им наместил гол на своите соиграчи.