Претседателот на Собранието Талат Џафери не дејствува како претседател на Собранието туку дејствува како министер без ресор на Владата, а ставот на Алијанса за Албанците е дека оваa Влада што побрзо треба да си оди за да ги ослободи институциите, одговори пратеникот на Алијанса на Албанците, Елми Азири на новинарско прашање дали неговата партија ја поддржува интерпеланцијата на ВМРО-ДПМНЕ против Талат Џафери.

– Нашиот став како политичка партија одамна е познат. Ние сметаме дека Талат Џафери не треба да е претседател на Собранието, затоа што од почетокот на овој парламентарен состав господинот Талат Џафери е ставен во улога на слуга на владеачкото мнозиство, во улога на слуга на првиот вицепремиер Артан Груби и во никој случај тој не е претседател на сите пратеници во Собранието на Република Сверна Македонија, што всушност треба и да биде. Последните случувања се дел од една добро режирана театарска претстава во која главната улога ја има Талат Џафери, кој служи како иструмент за да се покријат секојдневните теми, скандали и неуспехси на оваа влада, изјави Азири.