Чешкиот премиер Андреј Бабиш предупреди денеска дека Европа мора да го дефинира просторот во кој ги почитува своите вредности што е можно поскоро, а во него и јасна стратегија за Западен Балкан, а со цел да не наметнат влијание други светски сили чии интереси не се исти.

– Потребна ни е јасна стратегија за Западен Балкан, бидејќи ако го немаме, Западен Балкан ќе биде под влијание на други светски сили кои имаат други интереси, различни од нашите, нагласи Бабиш во Прага на конференцијата „Нашата сигурност не се подразбира сама по себе”,

Чешкиот премиер потсети дека неговата држава е шестата најбезбедна земја во светот, а Европа е најдолг период најбезбеден регион, но дека ЕУ мора да изготви стратегија, со цел така и да остане.

-Ние треба да дефинираме простор во кој ќе го браниме нашиот европски континент. Потребно ни е повеќе да разговараме за Шенген и помалку за еврото. Потребо е да го забрзаме пристапот во Шенген за  Хрватска, Бугарија и Романија, рече Бабиш на конференцијата за безбедност Чешка.