Баерн Минхен вечерва ја прегази Барселона и се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите.
На четвртфиналниот дуел одигран вечерва во Лисабон, на Барселона и се случи чудо какво веројатно не и се случило во историјата – поразена е со 8:2.
Стрелци за Баварците беа: Томас Милер (4. и 31. минута), Иван Перишиќ (22), Серж Гнабри (28), Џошуа Кимих (63), Роберт Левандовски (82) и Филипе Кутињо (85 и 89).
Головите за каталонскиот тим беа дело на Давид Алаба – автогол (7.минута) и Луис Суарез (57).
Противник на Баерн во полуфиналето ќе биде поуспешниот од мечот Манчестер сити – Лион.
Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат ПСЖ и Лајпциг.