Бундеслигашот Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со крилниот напаѓач Серж Гнабри, кој во јуни 2023 година може да стане слободен играч.

Клубот од Минхен му понудил на 26-годишниот Германец нов договор со плата од 17-19 милиони евра годишно, пишува „Bild“.

Според весникот, Баерн нема да ја заголеми оваа понуда, а доколку Гнабри одбие да го обнови договорот, тогаш Баерн најверојатно ќе го продаде играчот за да не го загуби бесплатно по една година.

Претходно се дозна дека за Гнабри е заинтересиран Реал Мадрид, како и клубови од англиската Премиер лигата.