Баерн подготви најмалку 200 милиони евра за трансфери во летниот преоден рок, потврди претседателот на клубот Ули Хенес.

Баерн, за разлика од претходните години, одлучи да инвестира многу пари во реконструкција и подмладување на тимот, што го напуштаат  Френк Рибери и Арјен Робен, со откуп на договорот на Џејмс Родригез од Реал Мадрид, најави Хенес.

„Пред нас  е  најголем инвестициски проект во историјата на Баерн. Фудбалот се промени, сега се потребни повеќе пари, но трофеи носат играчи со карактер и харизма”, рече Хенес.