Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во Њујорк ги претстави напорите на администрацијата за намалување на криминалот и оруженото насилство во Њујорк и други градови.

-Одговорот не е да се намали финансирањето на полицијата, изјави Бајден на средба во седишттото на полицијата во Њујорк. Во прусуство на Бајден беа градоначалникот Ерик Адамс, државниот обвинител Мерик Гарланд и неодамна избраната гувернерка на државата Њујорк, Кејти Хокал.

-Одговорот е во давање инструменти, тренинг, финансии со што полицијата ќе стане наш партнер и заштитник, рече тој.

Планирани се пари за социјални програми за намалување на насилството во заедниците, а дополнително финансирање ќе има за вработување на повеќе полициски службеници, соопшти Белата куќа.

Напорите се во правец на тоа да се ангажираат обвинители кои ќе го запрат она што се нарекува „железен цевковод“ меѓу сојузните држави, додаде Бајден.

Белата куќа приложи план да се нанесе удар на трговијата со оружје меѓу државите, што предизвикува во оптек да се најде многу повеќе оружје во североисточните американски градови, како Њујорк.