По завршувањето на мандатот во септември, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заминува на функцијата претседател на норвешката Централна банка, поради што Алијансата има задача да утврди негов наследник.

Според германската агенција ДПА, главни кандидати за оваа функција се поранешната британска премиерка Тереза Меј, холандскиот премиер Марк Руте, романскиот претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и поранешната висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година.