Американскиот претседател, демократот Џозеф Бајден, денеска го потпиша указот со кој на Американците треба да им се олесни да гласаат, соопшти Белата куќа, пренесуваат британските медиуми.

Претседателот Бајден указот го потпиша на 56-годишнината од „Крвавата недела“, кога војници од Алабама и полицијата ги нападнаа демонстрантите во градот Селма, кои протестираа против расната дискриминација на изборите.

-Наследството од маршот во Селма е дека, иако ништо не може да ги спречи слободните луѓе да ја користат својата најсвета граѓанска моќ, има и такви кои ќе сторат се  да му ја одземат таа моќ, рече Бајден во претходно снимената изјава што денеска беше објавена од Белата куќа.

Демократите во Претставничкиот дом во средата усвоија закон со кој од сојузните држави се бара одредувањето на границите на изборните единици да им се препушти на независни комисии, но законот, поради ставот на републиканците, има мали шанси да биде изгласан во Сенатот, соопштија американските медиуми.

Уредбата на Бајден им налага на сојузните агенции во рок од 200 дена да достават план за проширување на регистрацијата на гласачите и дистрибуција на изборните информации, на на државната администрација и налага да ги модернизира федералните веб-страници и дигиталните услуги кои обезбедуваат изборни информации.

Обидот на демократите да го олеснат гласањето се совпадна со обидите на републиканските претставници во десетина држави да го ограничат пристапот до гласањето, откако поранешниот претседател Доналд Трамп ги загуби изборите минатиот ноември.

Трамп тврдеше дека изборите се украдени и го критикуваше гласањето по пошта.

Службеник на администрацијата во саботата рече дека Бајден во декретот навел дека должност е да се обезбеди што е можно поедноставна регистрација на гласачите и да можат да гласаат само оние кои имаат право да одат на гласање.

Бајден во пораката исто така го повика Сенатот да го донесе законот.