Најголем предизвик за САД се „надконкурирање на Кина и сопирање на Русија“ додека фокусот да биде на обнова на оштетената демократија дома, се вели во националната стратегија за безбедност на Белата куќа.
Во документот од 48 страници, објавен денеска, (националната стратегија за безбедност е подготвена од секоја нова администрација), претседателот на САД, Џо Бајден, укажа дека тој е позагрижен од кинеските потези да „сложи авторитарно владеење со ревизионистичка надворешна политика“, отколку од една истрошена Русија која пропаѓа.
-Русија и НРК претставуваат различни предизвици. Русија е непосредна опасност за слободниот и отворен меѓународен систем, несовесно газејќи ги основните закони на меѓународниот поредок денес, како што покажа и нејзината брутална војна на агресија против Украина, напиша Бајден.
Кина е „единствена земја со намера да го преобликува меѓународниот поредок, и има зголемена економска, дипломатска, воена и технолошка моќ во полза на таа цел, напиша претседателот.
Во документот, за разлика од неговите демократски претходници, Барака Обама и Бил Клинтон, тој ја оцрнува глобализацијата, поради разгорувањето на пандемијата и дезинформацијата, и укажа дека таа ги донеала проблемите со снабдувањето.