САД во моментов држат под окупација дел од територијата на Сирија и од таму пумпаат нафта, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додава дека за тоа нема реакции.

– Ќе дадам пример кој ќе ви биде појасен од ситуацијата во Украина. САД сега се во Сирија. Тие окупираа дел од суверена држава. Тие таму не градат мостови или згради, туку само објекти кои им дозволуваат да пумпаат сириска нафта. Не знаевте? Таму се окупирани цели региони. Можам да ви ја испратам геолокацијата, адресите и т.н. за да дознаете каде се наоѓаат и пумпаат нафта претставниците на САД и нивните формации (не знам како се викаат – приватни / официјални). За ова зборуваме веќе неколку години, вели Захарова.

Кажите ми, додава Захарова, дали САД се во војна со Сирија?

– Дамаск му порачува на Вашингтон секој ден да си замине, да ја остави сириската инфраструктура, ресурси, да престане да пумпа нафта, да ја тргува, да ја продава, вклучително и на милитантите. САД тврдат дека имаат право да бидат таму. Дали имаше референдум? Народот на Сирија сака да ѝ ја даде територијата на Америка? Влезе во составот? Не, вели во изјавата Захарова.