Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека периодот што следи ќе биде најтежок во досегашната криза предизвикана од Ковид-19.

– Ситуацијата ќе се влоши пред работите да тргнат на подобро. Се очекува зголемување на бројот на заболени по сезоната на празници, а болниците се на крај со капацитетите. Мораме да прифатиме дека ќе има зголем број на заболени грашани во јануари и во февруари, бидејќи заболените граѓани не се појавуваат веднаш во евиденцијата. Подобрување е можно во март, кога применетите мерки ќе дадат резултати, посочи Бајден.

Тој најави дека во првите 100 дена од неговиот мандат, откако ќе ја преземе должноста на 20 јануари планира да дистрибуира сто милиони дози вакцини.

– Потребни се пари за тестрирање, за транспорт на деца, чистење на училиштата, подобрување на вентилацијата, заштитната опрема. Треба да се забрза тесирањето, иако помина долго време, не тестираме доволен број на луѓе. Ќе предложам парични пакети за тоа, што треба да ги усвои Конгресот, истакна Бајден.

Тој додаде дека планот на администрацијата на претседател Доналд Трамп доцни до дистибуцијата на вакцини против Ковид-19.

– Напорите во дистрибуцијата на вакцините не напредува според очекувањата. Ќе бидат потребнии години, не месеци за сите американски граѓани да бидат вакцинирани. дури и ако биде забрзан процесот ќе бидат потребни месеци поголемиот број граѓани примат вакцина, наведе Бајден при тоа истакнувајќи дека тоа е еден од најголемите оперативни предизвицци во американската историја.