„Нема да се бориме во Третата светска војна во Украина“, рече Бајден откако ја повтори целосната поддршка на Соединетите Држави на своите сојузници во НАТО и вети дека САД ќе го бранат „секој сантиметар“ од територијата на НАТО.

Тој додаде: „Меѓутоа, сакам да бидам јасен, ние ќе се погрижиме Украина да има оружје за да се одбрани од инвазијата на руските сили. И ќе испратиме пари и помош во храна за да ги спасиме животите на Украинците. Ќе ги поздравиме украинските бегалци со раширени раце, ако доаѓаат до тука“.

Бајден, исто така, им се заблагодари на членовите на Претставничкиот дом за поддршката на Украина, истакнувајќи дека денеска разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски околу еден час. Бајден додаде дека разговара со украинскиот претседател „речиси секојдневно“.

Бајден, исто така, ја истакнал важноста САД и нивните сојузници да се кооринираат за какви било потези за да се спротивстават на Кремљ.

„Знам дека повремено ве фрустрирав, но поважно од тоа да се движиме кога сакаме е да се погрижиме целото НАТО да биде заедно… “, рече Бајден.