Претседателот на САД Џо Бајден соопшти дека Вашингтон ќе води разговори за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја наспроти заканите на Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во разговори за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање, оценувајќи дека САД се доста позитивни во однос на идејата.

Меѓутоа, Бајден кусо и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.

На прашање од новинар во Белата куќа дали во моментов разговара за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја, Бајден одговори: „Не“.

Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестирања на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.