Во говор посветен на заканите по демократијата, претседателот на САД Џо Бајден синоќа во Аризона истакна дека американската демократија е во опасност од дејноста на екстремистичките движења во земјата и го чествуваше „херојството“ на републиканскиот сенатор Џон Меккејн кој почина во 2018 година.
Говорот допре до главната потпора за негов реизбор – заштита на демократските институции од разрушувачките тенденции на републикaнскиот кандидат за претседател и експретседател Доналд Трамп.
-Во Америка моментално се случува нешто опасно, рече Бајден алудирајќи на неодамнешните закани на Трамп на адреса на актуелни претставници на администрацијата.
„Знаеме колку нашите институции изгледаат поткопани во очите на американскиот народ, дури и на светот, од нападите одвнатре изминатите неколку години“, додаде тој.
Бајден оддаде почит на републиканскиот сенатор од Аризона Џон Меккејн, кој беше претседателски кандидат од републиканците во 2008 година и воен ветеран од Виетнам кој поминал пет години во заточеништво. Бајден и Меккејн беа блиски пријатели и покрај разликата во политичките погледи.
Во својот настап во локален арт-центар, Бајден кажа дека на САД им треба херојството на Меккејн, „посебно нопходно сега затоа што историјата донесе ново време на испити“.
-Постои екстремистичко движење кои не ги разделува основните принципи на нашата демократија, кажа тој и додаде: „Движењето МАGА“.
Според него, не сите републиканци ги споделуваат идеите на „МАGА“ – кратенка со која се одбележува мотото на кампањата на Трамп „да ја направиме Америка повторно велика“ (Make America Great Again).
-Нема сомнение во тоа дека денешната Републиканска партија е под закана од републиканските екстремисти МАGА, рече тој.
Во говорот ги изложи разните чекори што Трамп се стремеше да ги прави за подривање на демократијата, како на пример обидот да отпушти голем борј државни службеници и на нивно место да постави свои послушници.
Обраќањето на Бајден доаѓа на само три дена пред најверојатната блокада на владата, ситуација испровоцирана од подржувачите на Трамп, републиканците во Претставничкиот дом.
Бајден објави и план за доделување средства за изградба на библиотека посветена на Мекејн и партнерство со Институот Мекејн и Државниот унверзитет Аризона. Парите ќе бидат обезбедени од програмата за развој на инфраструктурата Американски план за спасување.