Бугарија не успева да ја објасни својата позиција на ниво на ЕУ и прашање е дали таа позиција може да се објасни, вели универзитетскиот професор и познат балканолог од Белгија, Рајмонд Детрез, зборувајќи за спорот меѓу Бугарија и Македонија.

Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), Детрез, кој е оженет за бугарската поетеса Маја Панајотова и течно зборува бугарски јазик, вели дека во светот има безброј примери на литературни јазици, државни, официјални, стандардизирани јазици кои се формирани врз основа на еден континуум на дијалекти.

Целото интервју со превод на македонски јазик може да го погледнете ТУКА.