Премиерот Димитар Ковачевскии и српскиот претседател Александар Вучиќ се дружат на самитот на Европската политичка заедница во Прага, на кој учествуваат делегации од 44 земји.

– Со премиерот на С. Македонија, Димитар Ковачевски, како во студентските денови додека го чекаме следниот состанок, објави Вучиќ на својот профил на Фејсбук.

Ковачевски и Вучиќ присуствуваат на првиот состанок на ЕПЗ, проект на францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше нарекуван како алтернатива на ЕУ или Втора ЕУ-лига.

Инаку на маки се и Ковачевски кој се надева дека од Србија ќе добие руски гас за зимава, а и Вучиќ кој поради тоа што Србија не воведува санкции кон Русија е под постојан притисок и закани од ЕУ и Западот. Македонија, како што е познато, воведе санкции кон Русија и нема проблеми околу тоа со ЕУ, но има проблемисо снабдувањето со природен гас и други енергенси.