Непознато лице или лица денес фрлиле камења врз брзиот воз ИЦЕ кој сообраќал од Бремен кон Хамбург.

Инцидентот се случил кај Шисел. Два големи прозорски диска биле погодени и се целосно оштетени. Патниците не можеле ништо да видат преку распрснатите прозорци.

Попладнево околу 15.30 часот била повикана федералната полиција. Во тоа време возот веќе бил на Централната станица во Хамбург каде полицијата вршела негов преглед. По кратка пауза возто профдолжил за Хамбург-Алтона, објави Билд.

За среќа, немало ниту еден повреден патник. Се спроведува темелна истрага зашто ова се смета за сериозен инцидент. ИЦЕ возовите развиваат брзина до 300 километри на час.