Селекцијата на Србија има големи шанси да остане без пласман на идниот ракометен Мундијал, откако ја доби селекцијата на Шпанија за ривал во баражот за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Норвешка и Данска. Шпанците се огромни фаворити на овој меч, додека Србите ќе се обидат да направат изненадување.

Тежок ривал добија и Словенците. На нивниот пат стои селекцијата на Швајцарија. Португалија ќе игра против БИХ, Грција со Холандија, додека Романија за противник ја има Чешка.

Полска ќе игра со победникот од Словачка/Израел, додека Австријците не би требало да имаат проблем против Грузија. Унгарците за ривал ќе го имаат победникот од мечот Финска – Литванија. Црногорците, пак, ќе играат со подобриот од мечот Белорусија – Италија.