Барселона долго ќе го памети мечот против Виљареал. Одамна некој гостински клуб не памети дека постигнал пет голови на гости кај Барселона. Тоа го стори Виљареал вечерва каде славеше со 5:3.

Дури два гола прими Барселона во долгото судиско надополнување. Ова беше навистина фантастичен меч, навивачите уживаа, а иако губеше со 2:0, сепак Барселона успеа да направи пресврт и да поведе со 3:2, но потоа следуваше потоп.