Без многу еуфорија ги испративме нашите ракометари на квалификациите за СП во ракомет на натпреварот против Чешка, а 50 минути изгравме феноменално и испутшивме победа иако имавме предност и со шест голови.

По првите 30 минути низ одлична игра Македонија оствари убави три голови плус од 10-13.

Извонредно го почнавме и вториот дел против Чешка, беше 10:17, потоа стигнавме до 16:22, по што почнува нашиот колапс во кој Чесите остварија 8:2 и стигнаа до нерешен резултат од 24:24. Штета, вистинска штета.

Реваншот се игра во Скопје во недела и со победа обезбедуваме пласман на СП наредната година што ќе с еигра во Полска и Шведска.