Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, за елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Виљареал, рече дека е разочарувачка, но верува дека тимот ќе се врати посилен следната сезона во елитното натпреварување.

– Тажни сме поради поразот. Со сета почит кон Виљареал, ова дефинитивно не е наше ниво. Но, Баерн секогаш станува посилен по неуспесите и токму тоа ќе се случи. Сигурен сум дека поразот ќе ги поттикне играчите пред следната сезона во Лигата на шампионите, истакна Хајнер за „Билд“.

Баварците пред два дена во реваншот на свој терен одиргаа 1:1 со Виљареал, па поразот од 0:1 во Шпанија беше пресуден тие да испаднат по четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.

Виљареал во полуфиналето ќе се сретне со Ливерпул.