Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола призна дека Атлетико Мадрид беше подобар синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Во вториот дел Атлетико Мадрид играше подобро од нас. Имавме среќа што не примивме гол. Сепак на крајот сме во полуфинале и тоа е заслужено. Се браневме со сите сили. Фернандињо беше одличен. Ни даде неверојатен импулс и направи се добро. Моравме да се прилагодиме. Противникот беше навистина многу добар, изјави Гвардиола.

Средбата во Мадрид по голема борба заврши нерешено 0:0. Во првиот натпревар Манчестер сити победи со минимален резултат 1:0, па се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Следен противник на англискиот тим ќе биде Реал Мадрид кој го елиминира Челзи.