Македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе го напушти шпанскиот тим Леванте и ќе потпише за турскиот првак Трабзонспор, објави „Марка“.

Двата тима денеска нашле заеднички јазик за отштетата која ќе изнесува 3 милиони евра плус дополнителни бонуси, а Барди ќе потпише тригодишен договор со Трабзонспор и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите наместо во втората шпанска лига.

Барди претходно се поврзуваше со трансфер во Олимпијакос, Елче, Алмерија, но турскиот шампион беше најконкретен во преговорите и успеа да се договори со Леванте.