Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике е повреден. Триесет и четиригодишниот фудбалер се здоби со истегнување на лигаментот на десното колено за време на полуфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против Севиља.
Со сигурност Пике ќе отсуствува неколку недели и ќе го пропушти осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен.
На првиот натпревар Барселона загуби на домашен терен од парискиот клуб (1:4). Реваншот ќе се одржи на 10 март во Париз.