Германската економија во последниот квартал од минатата година пораснала за 0,3 проценти, што е подобар резултат отколку што се очекуваше, соопшти  денеска Федералното биро за статистика, Дестатис, ревидирајќи ги највисоките досегашни проценки.

Британските медиуми пренесуваат дека најголем удел во растот на Бруто домашниот производ на крајот од годината имале силниот извоз и солидната градежна активност.

Дестатис, чија прелиминарна проценка беше дека во квартал октомври-декември ќе има раст од 0,1 отсто, исто така, соопшти дека ги ревидирал нагоре и податоците за растот на БДП за целата 2020 година, на минус 4,9 проценти од претходниот минус пет проценти.