Синоќа во 23.45 часот на ул. „Васко Карангелески“ во Битола, пред влезот на домот за доенчиња, З.Б. (50) од Битола пронашол женско бебе на возраст од околу една недела.

За случајот бил известен Центарот за социјални работи Битола. Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот