Гувернерот на Бејрут, Зијаб Чебиб, забрани да се истакнуваат странски знамиња во градот за време на Светското првенство во фудбал, повикувајќи се на закон од 1945 година што никогаш досега не бил применет во пракса.

Либан не се пласираше на Мундијалот, а на симпатизерите на останатите репрезентации во Бејрут ќе им биде дозволено да навиваат исклучиво со либански знамиња.

– Истакнувањето странски знамиња е во спротивност со законот од 1945 година, истакна првиот човек на либанската престолнина.

Од канцеларијата на гувернерот наведуваат дека лицата, кои ќе го прекршат овој закон, ќе се соочат со сериозни парични казни.