Ромео Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби главната улога во романтичната драма со тениска тематика „Forty Love“. Филмот е во режија на модниот фотограф Пјер-Анж Карлоти, а во главните улоги, покрај Бекам, се појавуваат и Пол Киршер, познат по филмот „Животинското царство“ („The Animal Kingdom“), Гијом Кане, препознатлив по филмот „Плажа“ („The Beach“), како и легендарната француска актерка Катрин Денев.

-Приказната во „Forty Love“ е за тениска ѕвезда која е на прагот да освои голем трофеј во Париз, но неговиот живот и фокусот кон натпреварувањето се менуваат со доаѓањето на харизматичен играч, толкуван од Ромео Бекам, пренесе американскиот медиум Варајети.

Главниот лик за првпат се соочува со противник од сосема поинаква природа – љубовта. Сила која е истовремено возбудлива и дестабилизирачка, и многу поопасна од што било со кое досега се соочил на тенискиот терен, се наведува во синопсисот на филмот.

Претходно, Бекам се појави и во документарната серија на Нетфликс „Бекам“ од 2024 година, која го прикажува животот и кариерата на неговото семејство.

Премиерата на филмот ќе се емитува на 25 ноември во Франција.