Поранешниот капитен на англиската репрезентација Дејвид Бекам призна дека не е сигурен дали ќе биде соодветен за селектор на тимот ако му се понуди оваа функција во иднина.

– Мислам дека некои луѓе во ФА ме гледаа како иден тренер на Англија само затоа што можеби сум имал успешна кариера како капитен на тимот. Ако некој ме праша, секако ќе размислам затоа што сум Англичанец и се грижам за нашата селекција, но дали ќе бидам добар во тоа? Кој знае? Тоа е работа од соништата, но Герет Саутгејт се справува добро во моментов. Тој ја врати енергијата и возбудата во нашата игра, а навивачите, вклучително и јас, уживаат во тоа, изјави Бекам за „ЏиКју“