Србија набавува вакцини од Русија, но ние како држава се стремиме кон ЕУ, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21.
Тој ова го кажа синоќа одговарајќи на прашањето „зошто Македонија заостанува и досега не се пристигнати ветуваните дози за вакцинација против коронавирусот.
Бектеши рече дека биле обезбедени пари за вакцините што треба да се испорачуваат во нашата земја и додаде дека Министерството за здравство секојдневно имало контакти со компании кои произведуваат вакцини.
Според Бектеши, Mакедонија е една од земјите кои најдобро се справиле со пандемијата на економски план.
– Почнувајќи од зголемување на минималната плата преку мерките на Владата, кои освен субвенционирање на плати, издаваше и ваучери на граѓаните – ваучери за туризам и ваучери за користење на домашни продукти, прехрамбени и други, рече Бектеши.
БЕКТЕШИ: Во Македонија економски најдобро се справивме со Ковид-19, Србија има вакцини оти купува од Русија, а ние се стремиме кон ЕУ
