Најскапото јајце може да се продава по цена од 9,8 денари со одлуката на Владата за замрзнување на цената на јајцата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Според Бектеши мерката е искреирана со компаниите што произведуваат јајца и рече дека „цените што биле на 15 март ќе останат исти“.
– Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, во зависност од компаниите во делот на трошоците што ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат и нашите соседи, каде што цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре
Министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека најскапото јајце може да се продава по цена од 9,8 денари со одлуката за замрзнување на цената. Според него, мерката е иреирана со компаниите што произведуваат јајца. Тој рече: „Цените што биле на 15 март ќе останат исти“.
Добивај вести на вибер
„Просечната цена на јајцата е околу 8,5 денари и најскапото може да оди до 9,8 денари од јајце. Зависи од пакувањето и амбалажата, во зависност од компаниите во делот на трошоците што ги имаат. Многу е важно да се наведе фактот дека е зголемена побарувачката за производство на јајца од нашата држава, а бараат и нашите соседи, каде што цените се од 14 центи до 20 центи и нагоре. Што значи дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производство до соседите. Дополнително, како одлука е ограничувањето во извозот, каде што 70 отсто од целото производство или пласман што го имале во јануари и февруари да ги снабдуваат синџирите маркети, а да нема недостиг на овој производ за сите граѓани, ниту зголемување на цената како притисок однадвор“, рече Бектеши.
Владата донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата од кокошка. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека сега трговците мора првин да набават јајца за потрошувачите во земјата, а потоа за извоз, рече Бектеши.
Тоа значи, додаде тој, дека ако се дозволи целосен извоз, повеќето ќе го пренасочат производство до соседите.
– Дополнително, како одлука е ограничувањето во извозот, каде што 70 отсто од целото производство или пласман што го имале во јануари и февруари да ги снабдуваат синџирите маркети, а да нема недостиг на овој производ за сите граѓани, ниту зголемување на цената како притисок однадвор, рече Бектеши.
Владата донесе одлука за замрзнување на цените на оризот и јајцата од кокошка.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека сега трговците мора првин да набават јајца за потрошувачите во земјата, а потоа за извоз. Особено пред верските празници Велигден и Бајрам.