Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе разговара телефонски со францускиот колега Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, како и со премиерите на Италија и Велика Британија, Марио Драги и Борис Џонсон. Ќе се разговара за нивните координирани одговори на рускиот неиспровоциран и неоправдан напад на Украина, соопшти Белата куќа.
Претходно, беше соопштено дека Бајден во петок ќе биде во Полска, каде ќе има средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.