Белгија, како седиште на ЕУ, ги суспендира сите летови од Велика Британија, како и директната железничка линија со Лондон поради појавата на нов мутиран вид на корона вирусот на островот кој според првичните сознанја се шири повеќе и порзо меѓу луѓето дури и за 70 отсто.

Италија и Холандија, исто така, го прекинаа воздушниот сообраќај со островот, а истите мерки ги презедоа Франција и Германија.

Засега нема сознанија дали новиот вид е поопасен по здравјето од САРС КОВ 2.