Напаѓачот на Уругвај, Единсон Кавани ќе добие 10 милиони евра по сезона од португалските гиганти Бенфика. Така тврди популарниот Новинар Џанлука Ди Марцио.

Според неговите информации, Кавани се очекува да потпише 3-годишен договор во понеделник, 24 август. Уругваецот е слободен агент од 1 јули, кога му истекува договорот со ПСЖ.

– Бенфика е одличен клуб и тимот е секогаш конкурентен. Ќе имам среќа ако одам таму, прокоментира Кавани пред неколку дена.