Поранешниот стратег на Белата куќа Стив Бенон изјави дека откако на изборите за ЕП во Италија, Франција и Британија победиле националистичките и популистичките партии, европските интеграции се „мртви“.

Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат оти европскиот центар е урнат и дека традиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битка на националистичките против глобалистичките сили.

– Народот ги враќа своите земји и тоа е само почеток, истакна Бенон.

Според него, „супергрупата“ на евроскептични партии ќе го блокира секој обид за продлабочување на интеграциите меѓу земјите членки на ЕУ.

– Секој ден ќе биде како битка за Сталинград, заклучи поранешниот стратег на Белата куќа.