Данокот на додадена вредност (ДДВ) за електричната енергија од Нова година ќе биде 10 проценти, а не 5 како што е сега по намалувањето во мај годинава со одлука на Владата, рече министерот за финансии Фатмир Бесими за ТВ Телма, во вечерашната емисија Топ тема.

Во првото полугодие повластената стапка ќе биде 10 отсто за прометот на електричната енергија кон домаќинствата.

Даночната реформа, според Бесими, ќе разгледа неколку модели, но се задржува на две нивоа – одредени производи на кои во текот на годините им се намалило ДДВ-то на 5 проценти, да се вратат на ДДВ како што биле претходно, а и во делот на персоналните даноци и придонесите кои во нив треба да се вметнат, да нема едно решение, туку да има избор во однос на плаќањето, бидејќи висината на хонорарите се различни.