Хенри Кисинџер, патријархот на американската надворешна политика, човекот кого во оваа обалст го сметаат за еден од најмудрите личности на светот и човек кого никако не го сакате за противник, се најде на удар на хистеричната антитрамповска медиумска камапња. Кисинџер е прогласен за творец на најстрашното злосторство во американската политика – заговорот на Кремљ и Доналд Трамп.
Агенцијата Блумберг објавила скандлозна истрага во која се тврди дека токму Кисинџер бил човекот околу кого се собрале учесниците во „рускиот заговор“. Кисинџер е тој што ги собрал и споил Доналд Трамп, Џаред Кушнер (неговиот зет), рускиот амбасадор Сергеј Кисљак и Марија Бутина, уапсена неодамна во САД за шпионажа.
Да удриш на Кисинџер досега беше незамислива работа, но овој спин на Блумберг покажува колку ја има зафатено беснило т.н антитрамповска елита.
Кисинџер е човекот за кого се смета дека е творец на стратегијата која подразбираше приближување на САД под водство на Никсон со тогашна Кина, за да ја отргне од евентуалната можност таа да ги затопли страшно нарушените односи со СССР. Оттогаш, тој се смета за неприкосновен ум во сферата на политиката.
„Односите на Кушнер со групата поврзана со Русија почнаа од Кисинџеровиот ручек“, наведуваат американски новинари.
Повикувајќи се на сопствени информации Блумберг соопштува дека во март 2016 година зетот на Трамп добил официјална покана за ручек од Центарот за национални интереси (аналитички центар кој се залага за прагматично-конструктивни односи со Русија). На тој состанок одржан во „Тајм Ворнер центарот“ на Менхетен, Кушнер наводно го запознале со Кисинџер кој на ручекот присуствувал како почесен претседател на Центарот.
Кушнер се запознал и со Дмитриј Сајмсом, раководител на Центарот, со кого подоцна бил организарана програмата за надворешно политичкиот настап на Трамп во кампањата.
Инаку, Кисинџер не е ниту републиканец, ниту демократ, а е близок со семејството Клинтонови со кои заедно минувале низа зими во вилата во Домениканската Република. Сега, се најде на удар како учесник во рускиот заговор за доаѓање на Трамп на власт.