Земјотрес со интензитет од 5,2 по Рихтеровата скала ја погоди централна Италија, објави МИА.

Засега нема информации за човечки жртви или за материјална штета. Потресот бил во близина на Монтелчифоне во областа Молизе на длабочина од 9 км. Во истиот регион имаше потрес од 4,2 и 4,7 во вторникот.