Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи ги на РТС изјавите на германската канцеларка Ангела Меркел и на САД за идеите за разграничување, истакна дека Германија и САД веќе ја разграничиле Србија и дека се против менување на границите.

– Тие веќе не разграничија, сите тоа го имаат направено. И Америка, и Германија, Англија, Франција, Италија, Австралија, Канада… сите тие се Косово да е независно и целосно. Кога велат дека се против разграничувањето, тоа значи дека се против промена на границите кои ги имаат воспоставено на наша штета. Луѓето тоа мора да го разберат…. а мене ме напаѓаат во оваа земја, поради тоа што не ги прифаќам таквите граници, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека нема да говори за конкретните решенија за Косово, бидејќи нив се уште ги нема, но додаде дека Србија праќа три основни цели – зачувување на мирот, заштита на државните интереси и на територијата, што според него е најтешко и третата цел е заштитата на правата и безбедноста на српскиот народ на Косово.

Запрашан за значењето на територијата на северно Косово, Вучиќ одговори дека станува збор за 1.000 квадратни километри и стратешкото значење, бидејќи тука живеат 43.000 лица, додавајќи дека тука е и „Копаоник кој пола и припаѓа на Косово, Газиводе, Бањска, Соколица… Трепча, Грачаница“…

Тој посочи дека „дефиниција на државата е нејзината територија, населението, војската и полицијата, а ние само во одделни делови на Косово имаме население и ништо друго, бидејќи имаме дефинирана територија од страна на западните сили.“

Вучиќ најавувајќи ја својата посета на Косово на 9 септември, порача дека со сите предлози ќе излезе пред граѓаните и ќе каже што успел да направи, додолку дојде до договор, за што изрази голем сомнеж.