Од Град Скопје денеска известуваат дека дрвјата на кеј „13 Ноември“ во центарот на Скопје биле бетонирани по грешка на изведувачот и дека градскиот инспекторат направил записник според кој изведувачот ќе биде казнет.

Уверуваат дека со ослободувањето, сите дрвја на кејот сега се целосно заштитени и нема да имаат последици при нивното растење и развивање.

-Град Скопје искажува благодарност до граѓаните и невладините организации за алармантноста при грешката на изведувачот, што овозможи и брза реакција на градските служби во оваа ситуација. По налог на градоначалникот Шилегов, од страна на градскиот инспекторат беше направен и записник според кој изведувачот ќе биде казнет, стои во соопштението од Град Скопје.