Во графата наместо Република Македонија мора да стои коса црта, гласи извесувањето со упатство од Управата за водење матични книги испратено до подрачните единици.

Известувањето што го објавуваме во прилогот е испратено во Управата за водење на матични книги, во подрачното одделение во Куманово и во подрачна канцеларија Крива Паланка. Раководителот им советува на службениците дека при издавање на извод од матичната книга на родени, кај сите лица родени пред февруари 2019 година, односно пред промената на името на државата, наместо Република Македонија мора да стои само коса црта.

Досега во графата државјанство кај оние родени во Република Македонија, пишуваше македонско, но очигледно и вакви „ситници“, каде што е останата придавката македонско, им пречат на „пријателските односи“ со Грција.

За сите деца родени по февруари месец во графата државјанство задолжително ќе стои РС Македонија.

Ова е забетонираниот македонски идентитет од Зоран Заев.