ВМРО-ДПМНЕ е против правдата, против одговорноста и затоа измислува и конструира непостоечки случаи, обвинува во денешното соопштение СДСМ.

– Заштитата на криминалот и криењето на криминалци е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која заедно со Христијан Мицкоски се пипците на криминалниот октопод раководен од Будимпешта чија глава е осудениот криминалец во бегство Никола Груевски. За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата е непознат поим и затоа тие немаат кредибилитет да зброуваат за правда и одговорност. СДСМ покажа дека борбата против криминалот не познава партиска припадност и таа треба да биде бескомпромисна и неселективна, се вели во соопштението.

Доказ за тоа, додаваат од СДСМ, е и новиот Закон за јавно обвинителство кој влегува во собраниска процедура за кој ВМРО-ДПМНЕ очајно бара алиби да не го прифати.

– ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да покажат одговорност и да го прифатат Предлог Законот за Јавно обвинителство и да ги остават надлежните институции да работат независно, професионално и неселективно. Република С. Македонија е правна држава во која владеат законите. Секој оној за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски ќе одговара, се вели во денешното сооопштение од Центарот за комуникации на СДСМ.