Мрзеливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, се истакнува во денешната реакција на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Реакцијата подолу ја пренесуваме во целост:

Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша.

Ветуваа стоп за бетонизација, ронеше крокодилски солзи во опозиција, а сега молчи за високактниците кај Холидеј Ин.

Нели СДСМ и мрзеливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина?

Дали мрзеливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против?

Кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?

Доколку мрзеливиот Шилегов е за изградба на висококатниците чесно е да го каже својот став. Скопјани заслужуваат да знаат.

Со Почит,

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје