Вообичаената препорачана количина на протеини е околу 100 грама на ден, но речиси сите луѓе кои внимаваат на исхраната, внесуваат многу помалку

Џени Шугар одлучила да спроведе експеримент во кој таа недела дена ќе внесува само по 60 грама протеини , а ова е нејзиното искуство:

– Кога почнав детално да го следам мојот начин на исхрана, сфатив дека внесувам само 60 грама протеини дневно, главно од растителна храна, вели Џени, и ова е пример од нејзиното мени:

Ручек: Салата од кељ со тофу, леблебија и семки од сончоглед: 27 грама протеини
Закуска: Банана со путер од бадем: 5 грама протеини
Вечера: Салата од киноа, црн грав, печени слатки компири, грашок, брокули и сос од кикирики: 24 грама
Закуска: Свежи малини со суво овошје, ореви и чоколадни трошки без млеко: 3 грама

Вкупно: 59 грама протеини

Ако се прашувате како да додадете 40 грама протеини во вашето секојдневно мени, еве како Џени го стори тоа:

– Решив да го зголемам дневниот удел на протеините за 40 грама. Го направив тоа со додавање на протеински прав во мојот ручек, вели Џени.

Таа го помешала протеинскиот прав, кој содржи околу 30 грама протеини по порција, со прав од грашок, кој содржи 10 грама протеин и една четвртина чаша замрзнати боровинки.

И еве какви ефекти забележала Џени:

-По само еден ден, ја забележав разлика во чувството на глад. Вообичаено сум гладна веќе во 17 часот, но кога ги зголемив протеините, не бев гладна. Го слушав моето тело и јадев околу 18:00 или 19:00 часот. А кога јадев, брзо се заситував. Обично по вечерата сакам нешто благо, но сега се чувствував задоволна, и немав потреба од слатки, раскажува Џени.

– Тоа чувство на задоволство го чувствував и утрото. Се чувствував сито и подготвена за мојот тренинг, а мојата глад беше избалансирана цело утро. Веднаш по тренингот веќе не бев гладна, а периодот помеѓу оброците беше продолжен. Исто така забележав дека изгубив неколку килограми, што очигледно не е голема разлика. Но, тоа беше малку изненадувачки, бидејќи со месеци имам иста тежина. Не верував дека една мала прехранбена промена би можела да влијае на мојот струк. Дури и јадев дополнителни 220 калории на ден, а ослабнав, вели Џени.