Безбол играчот Мајк Траут е на чекор од потпишување најголем договор во историјата на спортот.

Според американски медуми во моментот се прецизираат деталите за обновување на неговиот договор за Лоа Анџелес Ејнџелс.

Медиумите тврдат дека Траут ќе потпише договор за 12 години вреден 430 милиони долари. Американецот кој е на возраст од 27 години, двапати добивал награди за најдобар безбол играч. Ако го обнови договорот, годишната плата ќе му биде во просек 36 милиони долари.